Барселона се радуваше во дербито со Алборг

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Барселона ќе остане на врвот на табелата во групата Б откако шпанскиот тим вечерва славеше во дербито со Алборг 31:26 во последниот натпревар од деветот около.

За бранителот на титулата ова беше осма победа во сезоната. Двата ривали понудија интересен натпревар во кој се менуваа во водството. На почетокот на првото полувреме Алборг водеше со два гола, а на пауза се замина со 15:16.

Патот до победата Барселона започна да го гради некаде кон средината на вториот дел. Каталонците со серија од 4:0 поведоа со 28:24. Во продолжение Алборг не успеа да се врати па Барселона славеше со шест голови разлика.

Еден од најзаслужните во победата на Барселона беше голманот Перес Де Варгас кој натпреварот го заврши со 12 одбрани. Прв стрелец беше Дика Мем со девет гола. Феликс во редовите на Алборг постигна шест.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Динамо Букурешт – ППД Загреб 27:27

Кил – Нант 37:33

Веспрем – Висла 32:22

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот