Барселона се изјасни за судбината на Валверде

EPA-EFE/RAUL CARO

Ернесто Валверде и во наредната сезона ќе биде тренер на Барселона, откако прво поддршка му дадоа самите фудбалери, а денеска тоа го стори и претседателот Хосеп Марија Бартомеу.

Иако во таборот на каталонскиот клуб се разочараните од шокантната елиминација од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите, свесни се дека Валверде одлично си ја врши работата.

– Валверде пред некој ден изјави дека ја има подршката од претседателот и бордот на директори. Тој е тренерот кој ние го сакаме на нашата клупа. Моментално сме на половина од еден голем проект. Има договор со клубот и ние сме задоволни од неговата работа. Сега треба да видиме како играчите ќе реагираат и како ќе се опорават од овој шок – изјави Бартомеу.

Валверде на почетокот од годинава потпиша нов договор, а сезонава Барселона ја освои титулаѕа, додека на 25 мај има можност да дојде и до двојна круна, бидејќи игра против Валенсија во Кралскиот Куп.

– Подготовките за следната сезона се во тек. Постојат играчи кои сигурно ќе ги ангажираме, а има и неколку со кои преговараме. Главната цел на Барселона за оваа година беше титулата во Ла Лига. Можам да кажам дека имавме одлична сезона, ја освоивме титулата и се надевам дека финалето против Валенсија ќе ни донесе уште еден трофеј – додаде Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот