Барселона подготвува богат договор за Лео Меси

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Минатото лето се чинеше дека дојде крајот на Лионел Меси во Барселона, но како одминува времето, се чини дека многу повеќе е реална опцијата за Аргентинецот да остане меѓу Каталонците до крајот на неговата кариера. Со враќањето на Жоан Лапорта на претседателското место, тие шанси значително се зголемија.

Каталонската „ТВ3“ објави дека преговорите меѓу славниот фудбалер, односно неговиот татко и новиот претседател на Барселона, веќе се во голема мера во тек, а тие се однесуваат на продолжување на договорот што истекува на крајот од тековната натпреварувачка година. Аргентинскиот „TyC“ известува дека Барселона подготвила десетгодишен договор за нивниот најдобар играч – затоа сакаат да го имаат до самиот крај!

Во него се вели дека Меси би бил обврзан да настапи уште две сезони, по што ќе има опција да ја извршува улогата на клупски амбасадор во САД работејќи во еден од тамошните учесници во МЛС. Потоа, би стекнал искуство како извршен директор, што е позиција што ќе го чека при враќањето на „Камп Ноу“.

Таа понуда звучи крајно примамливо, иако Меси сè уште не планира да се повлече и замине во пензија. Неговата состојба од друга страна е клубот да донесе неколку одлични засилувања, со цел Барса да биде конкурентна за трофејот во Лигата на шампионите.

И тоа е крајно потребно за Каталонците, што се виде во поразот од Гранада. Тимот на Роналд Куман, кој беше исклучен во средината на второто полувреме, имаше шанса да скокне на првото место и повторно биде во сериозна трка за трофејот во шпанската „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот