Барселона конечно победи на гости (ВИДЕО)

Шпанскиот шампион конечно успеа да оствари победа на гостински терен сезонава. Каталонците триумфираа со 0:2 на гостувањето кај Хетафе, а победата на Барселона добива на тежина бидејќи е остварена без повредениот Лионел Меси.


Во отсуство на Меси, предводник на Барселона беше Луис Суарез кој го постигна првиот гол во 41. минута, додека Жуниор Фирпо во второто полувреме го постави конечниот резултат. Ова беше само трета победа за Барселона по шест кола во Ла Лига, додека Гетафе го претрпе првиот пораз.

Во дербито, Валенсија како гостин со минимални 0:1 го совлада Атлетик Билбао. Голот вреден три бода за Валенсија беше дело на Денис Черишев во 27 минита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот