Барселона го пикира Чави како наследник на Валверде на клупата

фото:Twitter/AS

Каталонскиот тим загуби во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кој се игра во Саудиска Арабија по што веднаш започнаа шпекулациите за заминувањето на тренерот Ернесто Валверде.

Барселона веќе ги направи првите чекори во потрагата по наследникот на Ернесто Валверде. Според „Марка“, Валверде дефинитивно ја напушта клупата на Барселона само прашање е дали тоа ќе се случи на крајот од сезоната или до крајот на месецов.

Весникот тврди дека управата на Барселона ја пикирала легендата на клубот, Чави Ернандез, и веќе ги направила првите чекори. Извршниот директор Оскар Грау и спортскиот директор Ерик Абидал по поразот од Атлетико, заминале на преговори во Доха каде Чави работи како тренер на Ал-Сад.

Засега нема информации дали Чави ја прифатил понудата, но „Марка“ објави дека Барселона е подготвена да го чека Чави до крајот на сезоната.

Чави Ернандез речиси целата кариера ја помина во Барселона, тој дресот на каталонскиот клуб го носеше од 1999 до 2015 година, по што премина во Ал-Сад за кого играше се до минатата сезона, кога стана тренер и стави крај на играчката кариера.

Како член на Барселона, Чави осум пати триумфираше во шпанската Ла Лига, три пати го освојуваше Кралскиот клуб и четири пати триумфира во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот