Барса со „генијална“ најава пред мечот со Наполи! (ФОТО)

фото: твитер

Наполи и Барселона вечерва од 21.00 часот на стадионот „Сан Паоло“ ќе го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Каталонците во Неапол доаѓаат како фаворити, но нема да биде лесно на незгодниот терен на „наполитанците“.

Во пресрет на почетокот на мечот, Барса на својот „Твитер“ профил објави една фантастична слика во која се монтирани Диего Марадона кој своевремено беше дел од Наполи, и Лионел Меси во дресот на Барселона.

Да потсетиме, големиот Диего својата европска кариера ја започна токму во клубот од „Камп Ноу“. Таму не се задржа долго, една и пол сезона, воедно имаше тешка повреда на дуелот против Билбао.

Ја напушти екипата во 1984 година кога се пресели во редовите на Наполи каде што стекна поголема слава и стана еден од најомилените играчи на овој тим.

Наполи на Елиф Елмас и Барселона вечерва од 21.00 часот на стадионот „Сан Паоло“ ќе го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во истиот термин Челзи на својот „Стемфорд Бриџ“ е домаќин на Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот