Барса мора да плати пет милиони евра доколку Баерн ја освои ЛШ

фото: EPA-EFE/Manu Fernandez

После катастрофата во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, продолжува и натаму болката на Барселона.

Според клаузулата во договорот на Филипе Кутињо, Каталонците мора да му платат додатни пет милиони евра на Ливерпул доколку Бразилецот со Баерн ја освои титулата во ЛШ.

Барса беше понижена во Лисабон, а веќе се шпекулираат неколку кандидати за наследник на досегашниот тренер Кике Сетиен.

Кутињо кој „не се снајде“ најдобро на Камп Ноу, учествуваше во спектакуларната победа од 8:2 над својот матичен клуб со два гола и една асистенција.

„Сол на раната“ би можел да додаде бразилскиот интернационаец кој игра како позајмен фудбалер во Баерн од Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот