Барса ќе му помогне на ПСЖ со финансискиот ферплеј

EPA-EFE/YOAN VALAT

Барселона размислува да го купи офанзивниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија идното лето. Аргентинецот има продуктивна кампања во Париз, откако забележа 17 гола, а исто така асистираше за други 15 во 41 натпревар за францускиот хегемон.

Триесет и едно годишниот фудбалер потпиша нов договор со тимот од „Парк де Пренс” во подоцнежните моменти од 2018-та година, но ПСЖ ќе треба да го ограничат трошењето пари, бидејќи се под константен мониторинг од УЕФА и финансискиот ферплеј, пренесува „Екип”. Токму француското издание пишува дека еден од играчите кои можат да го напуштат ПСЖ е Ди Марија, а Барса е заинтересирана да го земе репрезентативецот на „албиселесте” по крајот на оваа сезона.

Ди Марија има искуство во шпанската Ла Лига, откако играше за големиот непријател на Барса – Реал Мадрид, помеѓу 2010-та и 2014-та година, по што помина лош период во Манчестер Јунајтед.

Офанзивниот фудбалер има три титули во Лига 1, исто толку Купови на Франција, како и три Лига Куп трофеи за време на престојот во ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот