Барние: Преговорите со Лондон почнуваат на втори март

Мишел Барние/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската Унија и Велика Британија во понеденик, 2 март, во Брисел ќе ги започнат разговорите за идните односи, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.

Тој на пресконференција за новинарите во Брисел рече дека првиот круг на разговори ќе трае до четврток, 5 март. Вториот круг на разговори ќе се одржи подоцна истиот месец во Лондон.

Според зборовите на Барние, ЕУ сака да започне разговори на десет паралелни групи за трговија, безбедност надворешна политика и други теми.

– Нема да ги заклучуваме преговорите по секоја цена. Не можеме да направиме се во краток период, но ќе направиме колкушто можеме – нагласи Барние.

Додаде дека преговорите ќе бидат комплексни и многу тешки, а планирано е истите да завршат до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот