Барди: Јас сум Албанец, но со гордост играм за Македонија

epa08009649 North Macedonia's Enis Bardi (L) and Eljif Elmas (R) celebrate during the UEFA EURO 2020 Group G qualifying soccer match between North Macedonia and Israel in Skopje, North Macedonia, 19 November 2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди кој е неизоставен дел од македонската репрезентација во интервју за телевизијата „Суперспорт“ зборуваше за случувањата во националниот тим и за мотивацијата за натпреварот со Косово но и за очекувањата од  дуелот против Грузија за пласман на Европското првенство.

Јас сум Албанец и никој не ми го негира тоа, но со гордост играм за Македонија. Тоа е професионалниот пат што сум го избрал и по кој одам, во ниту еден момент не сум помислил дека сум направил грешка со одлуката да настапувам за македонската репрезентација. Никогаш сме немале никакви проблеми на оваа тема во националниот тим, сите сме тука со иста цел, даваме се од себе за репрезентацијата и тоа ни носи резултат. Сега имаме шанса да го исполниме сонот, да го добиеме мечот со Грузија и да го сториме она што никој претходно го нема направено – изјави Барди за „Суперспорт“ кој потоа опишува како се чувствувал на натпреварот против Косово.

Да бидам искрен, имав чудни емоции пред мечот со Косово, но јас сум професионалец и секогаш го давам максимумот и за екипата и репрезентацијата за која настапувам. По мечот добив честитки, но имаше и луѓе кои ме критикуваа, што искрено ми е неразбирливо. Бев пресреќен по големата победа на Македонија, исто така ми беше и малку жал за противникот. Можам да кажам дека Косово има исклучително талентирана репрезентација со која и во иднина пак ќе атакува на пласман на големите натпреварувања. Нас не делат уште 90 минути до тој успех и ќе дадеме се од себе за да ни се исполни големиот сон – додава Барди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот