Барања на лозарите: Зголемување на ниските откупни цени и субвенции за извезените количини грозје

Грозје/ Фото: МИА

Лозарите од Тиквешко, како најголем лозарски регион во државата, денеска побараа решавање на проблемите околу ниските откупни цени за килограм грозје. Претседателот на Здружението „Тиквешки лозароовоштари”, Златко Стојчев најави блокади и протести, ако тие проблеми не се решат во најкус можен рок.

– Бараме субвенции и за извезените количини на грозје, а не само за тие што се продаваат на домашни откупувачи. Бараме, исто така, изградба на државна дестилерија, за решавање на вишоците на грозје, нагласи меѓу другото Стојчев.

Дане Јошев од истото здружение, се осврна на проблемите со вода за наводнување и апелираше годинава лозарите да бидат ослободени од плаќање на воден надоместок.

Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари”, рече дека проблемот околу откупните цени за килограм грозје е долгогодишен и, исто така, побара негово решавање. Тој нагласи дека е неопходно донесување на загарантирана цена за килограм грозје.

– Цените кои досега ги објавија одделни винарии се срамни, понижувачки, омаловажувачки. Диктираат цени и кај другите што е нефер и некоректно. Затоа бараме да прекине тој монопол со цени што е присутен секој гроздобер. Има појава на винарници кои никнуваат како печурки по дожд, манипулираат со лозарите па одат во стечај, додаде Кулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот