Бајден со густ распоред во Европа: Договорена средба и со лидерот кого го нарече „автократ“

Џо Бајден

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на НАТО во Брисел овој месец, објави Белата куќа.

– Голем број билатерални и регионални прашања ќе бидат на дневен ред за време на нивниот состанок на 14 јуни – се наведува во соопштението.

Во април, Бајден предизвика бес во Турција со признавање на масакрите врз Ерменците во Османлиската империја како геноцид. Претходно, за време на предизборната кампања во 2020 година, Бајден вети дека ќе го заостри курсот кон Ердоган, кого го нарече „автократ“.

Бајден ќе има прилично густ распоред кога ќе го започне своето прво патување во странство како шеф на државата следната недела.

Покрај разговорите во рамките на самитот на НАТО, тој исто така ќе присуствува на самитот Г7 во југозападна Англија и ќе учествува на самитот ЕУ-САД во Брисел. На патот, тој ќе се сретне со кралицата Елизабета Втора, британскиот премиер Борис Џонсон и белгиското кралско семејство.

Најочекуваната средба е на крајот, на 16 јуни, со рускиот претседател Владимир Путин во Џенева.

„Ова патување ќе ја потенцира посветеноста на Америка за обновување на нашите сојузи, заживување на трансатлантските односи, како и работа со нашите сојузници и мултилатерални партнери за решавање на глобалните предизвици и подобро обезбедување на американските интереси“, рече портпаролот на Белата куќа Jен Псаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот