Бајден најави крај на американската борбена мисија во Ирак

Џо Бајден/EPA-EFE/ERIN SCOTT / POOL

Претседателот на САД, Џо Бајден, рече дека американската борбена мисија во Ирак ќе заврши до крајот на оваа година, што повеќе се толкува како одраз на ситуацијата на терен, отколку како последица на промената на американската политика.

Дури и пред Бајден да ја преземе функцијата, главниот фокус на Соединетите држави беше да им се пружи помош на ирачките сили, а не да војуваат во нивно име. Бајден не кажа дали во меѓувреме планира да го намали бројот на војници во Ирак, каде што сега има околу 2.500.

Бајден претходно донесе одлука САД да се повлечат целосно од Авганистан по скоро 20 години, откако започнаа војна како одговор на терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД. Војните во Авганистан и Ирак во голема мера ја оптоварија американската војска и ја спречи да се посвети на нејзиниот „најголем долгорочен безбедносен предизвик“ – Кина.

Зборувајќи пред новинарите за време на состанокот со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, Бајден рече дека неговата администрација останува посветена на партнерството со Ирак, кое е сè покомплексно.

Бајден рече дека американската армија ќе продолжи да му помага на Ирак во борбата против Исламсктаа држава (ИСИС). Во заедничката изјава на САД и Ирак се вели дека безбедносните односи ќе се фокусираат на обука, советување и споделување на разузнавачки информации.

Ал-Кадими им се заблагодари на Соединетите држави за поддршката и минатиот викенд за АП изјави дека „нема потреба од никакви странски борбени сили на ирачко тло“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот