Бајден ќе ја одржи првата прес-конференција откако стапи на должност

epa09095065 US President Joe Biden responds to a question from the news media following an event to mark Equal Pay Day in the State Dining Room of the White House in Washington, DC, USA, 24 March 2021. Equal Pay Day marks the extra time it takes an average woman in the United States to earn the same pay that their male counterparts made the previous calendar year. EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе ја одржи првата прес-конференција откако во јануари стапи на функцијата, јави Гласот на Америка.

Иако Бајден секој ден ги брифира новинарите преку неговата портпаролка и одговараше на прашања на други начини, тој е првиот претседател во последните четири децении кој волку долго од почетокот на мандатот не одржал формална прес-конференција со новинарски прашања.

– Ова е можност за него да разговара со американските граѓани, очигледно директно преку известување, директно преку сите вас. И затоа мислам дека тој размислува за она што сака да го каже, што сака да порача и со нетрпение ја чека можноста да се соочи со слободното новинарство, изјави денеска портпаролката Џен Псаки.

Бајден најверојатно ќе се соочи со прашања за повеќе актуелни домашни теми како вооружените напади во Џорџија и Колорадо, ситуацијата на американско – мексиканската граница и справувањето со пандемијата.

На меѓународен план Бајден може да очекува прашања за изгледите за повторно вклучување во иранскиот нуклеарен договор, неодамнешните ракетните проби на Северна Кореја, ситуацијата во Мјанмар, како и американските односи со Кина и Русија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот