Бајден ја укина забраната трансродови лица да служат војска

 Претседателот на САД, Џозеф Бајден денеска ја поништи контроверзната одлука на неговиот претходник Доналд Трамп да им забрани на трансродовите лица да служат војска доколку им треба медицински третман.

Во присуство на министерот за одбрана Лојд Остин и началникот на Генералштабот Марк Мили, Бајден потпиша указ дека „сите Американци квалификувани да служат во американската војска ќе можат да го сторат тоа”.

Претходниот претседател Трамп во 2017 година им забрани на трансродовите лица да служат војска поради „огромни медицински трошоци”.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот