Баерн во време на криза преговара за рекорден трансфер

EPA-EFE/PETER POWELL

Додека светот е хаос поради пандемијата на коронавирусот, германскиот гигант Баерн Минхен го договара најскапото засилување во клупската историја.

Германскиот весник „Билд“ ексклузивно пренесува дека во изнинатите денови имало средба помеѓу директорот на баварците, Хасан Салихамиџиќ и агентот Фали Рамадани, сопственикот на агенција ЛИАН спортс, која го застапува Лирој Сане.

Ова не е прв пат во германскиот тим да преговараат со Рамадани бидејќи сакаат што побрзо да го реализираат трансферот. Според правилата на ФИФА, клубовите не смеат да преговараат со фудбалерите од други екипи пред април, но Баерн сака да ги искористи добрите односи со Рамадани и преку него да издејствува трансфер во летниот преоден рок.

Германскиот репрезентативец минатото лето беше пред трансфер во Баерн, но тешката повреда на лигаментите на коленото го стопира трансферот и како замена, баварците го донесоа Фелипе Кутињо од Барселона.

Според “Билд“ првичната понуда на Баерн Минхен до Манчестер сити ќе изнесува околу 80 милиони евра, сума која би требало да биде доволна за англискиот тим да се откаже од Сане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот