Баерн го суспендираше Мане поради конфликтот со Сане

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Сенегалскиот фудбалер и напаѓач на Баерн Минхен, Садио Мане е суспендиран од неговиот тим за натпреварот од Бундеслигата против Хофенхајм во сабота, соопшти денеска баварскиот клуб.

Тој беше казнет поради расправијата со соиграчот Лерој Сане во вторникот по натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Баерн го суспендираше Мане и го казни „за недолично однесување по натпреварот на Баерн од Лигата на шампионите во Манчестер“, соопшти клубот.

Мане ќе му биде на располагање на тренерот Тухел за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Сити во Минхен во среда.

Германските медиуми објавија дека тепачката се случила во близина на соблекувалната по натпреварот, кога Мане бил бесен поради потегот на Сане. Мане потоа го удри Сане со тупаница, поради што неговата усна искрвари.

Двајцата играчи се појавија на денешниот тренинг на Баварците, а за одлуката за суспензија го известија спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и претседателот на управниот одбор, Оливер Кан. Мане во Баерн пристигна во летото 2022 година од Ливерпул за сума од 32 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот