Бабиќ: Горд сум на ракометарите, се бореа за секоја топка

фото: еурофарм пелистер

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ, е среќен поради победата на неговите ракометари против Татабања во Лигата на Европа. Бабиќ е задоволен од борбената игра на неговите ракометари, но предупредува дека на утрешниот натпревар против истиот противник, повторно се очекува неизвесна игра.

– Татабања е цврст тим, нивниот тренер преферира добра одбрана. Притисокот кој го носеше овој натпревар го донесе оној ракомет на терен, што можеби не беше и премногу убав да гледање. Чекавме грешка на противникот за да се одлепиме, во тоа и успеавме и дојдовме до посакуваната победа. Честитки до играчите кои се бореа за секој милиметар и за секоја топка, јас сум горд на нив. Следи нова пресметка со Татабања, тоа сигурно ќе биде нов меч и верувам дека ќе биде нов неизвесен дуел, затоа што противникот никогаш не се предава. Доаѓа нова борба, за секоја топка, за секој метар. Мора да се одмориме малку физички колку што можеме, па пак да тргнеме со една борбена игра кон нова победа – изјави изјави Бабиќ на прес конференцијата по натпреварот.

Утре екипите на Еурофарм Пелистер и Татабања повторно ќе играат воБитола, а улогата на домаќин ќе ја има унгарскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот