Автомобил прегази жена на булеварот „Борис Трајковски“

Фото: Прес 24

Попладнево, нешто пред 17 часот, била прегазена жена-пешак на крстосницата меѓу скопските булевари „Борис Трајковски“ и „Србија“, објави „Прес24“.

Во несреќата учествувал автомобил „Рено Клио“ со скопски таблички.

Фото: Прес 24

„Возило „Рено клио“, управувано од М.С. удрило во пешак-жена, Н.Б.“, информираат од МВР.

Повредената жена е пренесена во Клиничкиот центар, а засега нема информации за тоа во каква состојба се наоѓа таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот