Австрија прекинот на економските активности ја чини 12 милијарди евра

Виена/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Од 16 март, кога беа воведени рестриктивни мерки, до 10 мај регистрирани се загуби во вкупен износ од 12 милијарди евра, според OeНБ.

Прекинот на јавниот и економскиот живот во Австрија поради мерките за борба против ширењето на коронавирусот предизвика загуба од 12 милијарди евра, објави Националната банка на Австрија (ОеНБ).

Економијата постепено расте, откако беше целосно запрена. Во првата недела од мај, нагорниот тренд јасно се интензивира, според OeНБ, додавајќи дека тоа е прикажано со нов показател што покажува податоци за економската активност на неделна основа.

За време на траењето на рестриктивните мерки од 12 до 16 календарски недели, економијата падна за една четвртина под минатогодишното ниво, а на врвот, загубата изнесуваше две милијарди евра неделно.

Од 16 март, кога беа воведени рестриктивни мерки, до 10 мај регистрирани се загуби во вкупен износ од 12 милијарди евра, според OeНБ. Тоа одговара на околу 3,5 проценти од БДП од минатата година, што изнесуваше 375 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот