Австралија под снег, метереолозите со предупредување

Фото: Принтскрин

Југосточниот дел од Австралија го погоди студен бран со температури кои се движат околу три степени под нулата, а еден маж загина кога врз него падна гранка од дрво.

Уште во саботата, метеоролозите издадоа предупредување за силни и студени ветрови, снег и мраз.

Според пишувањата на австралиските медиуми, снегот и ниските температури ги отежнале условите во сообраќајот, затворени се голем број патишта, а студениот бран трае веќе неколку дена.

Како што се наведува, дел од градовите за првпат по неколку децении се прекриени со снег.

Во саботата настрада постар маж (68) додека скијаше во Нов Јужен Велс, кога врз него падна голема гранка дрво.

Службата за вонредни ситуации наведе дека примила 145 повици за помош ширум земјата, а над половина од повиците се однесувале на соборени дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот