Австралија наскоро ќе вакцинира и деца под 12 години

вакцина деца вакцинирање
Вакцинација на деца против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Австралија, која брзо станува една од највакцинираните нации против Ковид-19, најверојатно во јануари ќе започне со вакцинирање на деца помлади од 12 години, потврдија денеска австралиските власти, пренесува Ројтерс.

Министерот за здравство Грег Хант изјави дека медицинските регулатори сè уште ги разгледуваат податоците за здравјето и безбедноста во врска со вакцинацијата на децата на возраст од пет до 11 години и дека е малку веројатно дека ќе донесат одлука оваа година.

„Очекувањата што ги поставија е на почетокот на јануари. Тие се обидуваат да работат колку што можат побрзо“, изјави Хант за инсајдерската програма на Australian Broadcast Corp.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести овој месец ја препорача вакцината за широка употреба кај возрасната група од 5 до 11 години, откако беше одобрена од Управата за храна и лекови (ФДА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот