Авион со 143 патници се лизна од пистата во река во Флорида (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Чартер авион со 143 патници, кој патувал од Куба до северна Флорида, денеска се лизна од пистата и заврши во реката Сент Џон. Во инцидентот нема загинати и повредени, соопштија локалните власти.

– Авионот „Боинг 737″, кој со 136 патници и седум членови на екипажот, пристигна во морнаричката авио-база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо во Куба, се лизна од пистата во реката Сент Џон – наведоа од Базата.

Канцеларијата на шерифот во Џексонвил објави на Твитер дека морнаричката единица веднаш пристигнала на помош.

Светските агенции пренесуваат дека авионот бил во плитка вода и не е потопен, сите патници се живи, а 21 лице се пренесени во локални болници во добра состојба.

Градоначалникот на Џексонвил, Лени Кари објави на Твитер дека стручни тимови работат за да спречат излевање на гориво од авионот во реката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот