Авиокомпаниите во САД ги менуваат старите Боинг со нови Ербас авиони

Фото: Профимедиа

ден од најголемите авиопревозници во САД, „Јунајтед ерлјанс” синоќа соопшти дека планира да купи 50 нови Ербас-А321 авиони заради замена за остарениот авионски парк на моделите Боинг 757-200.

Компанијата прецизира дека испораките на европските авиони ќе започне во 2024 година. Во моментов „Јунајтед” употребува 74 авиони Боинг 747.

Медиумите во САД оценуват дека најавената крупна испорака на европски патнички авиони од американскиот авиопревозник е уште еден удар за производителот на авиони „Боинг”, кој се уште е во криза после скандалот со приземјувањето на авионите 737 Макс откако се случија две катастрофи, лани во октомври и во март годинава, со пад на овие авиони при што вкупна загинаа 346 луѓе.

Дека купува 50 нови европски авиони Ербас 321 летово објави и „Американ ерлајнс”, уште една голема американска авиокимпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот