Атлетико Мадрид има „план Б“ доколку не го ангажира Суарез!

фото:твитер

„Јорганџиите“ се во потрага по нов напаѓач и според шпанската „Марка“ на нивниот „радар“ моментно се наоѓа Единсон Кавани (33).

Атлетико Мадрид ќе се обиде да го ангажира уругвајскиот интернационалец кој со париските „светци“ шестпати беше шампион на Франција.

Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез се поврзуваше со трансфер во редовите на Јувентус, но не дојде до реализација и плус се најде во проблеми со законот.

Луис Суарез мамел на испитот за италијански јазик

Тоа веднаш го привлече и вниманието на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој има „план Б“ доколку не успее да го ангажира Суарез.

Аргентинскиот стратег е фан на Единсон Кавани (досегашен играч на ПСЖ) чии услуги сакаше да ги обезбеди уште во јануари годинава.

И Кавани изрази желба да ја проба неговата среќа во Шпанија, но бара годишна заработка од седум милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот