Атланта по две продолженија подобра од Шарлот (ВИДЕО)

твитер

На натпреварот во Атланта беше постигнат дури 281 поен.

Триумфот на Атланта хокс во „Стејт Фарм“ Арената го донесе Диандре Хантер кој на 13 секунди пред крајот на второто продолжение од пет минути реализира три слободни фрлања и донесе предност од 141:138.


На спротивната страна Тери Розиер го промаши шутот за три поени на спротивната страна пред Кем Редиш од линијата за слободни фрлања да го постави конечниот резултат.

Иако славеше на потешкиот начин, Атланта имаше можност да ги реши дилемите околу победникот во регуларниот дел но Тре Јанг погоди само едно од двете слободни фрлања во последната секунда.

Токму Јанг со 31 поен и 16 асистенции беше најдобар во редовите на Атланта каде се истакнаа уште и Џон Колинс со 28 пени и 11 скокови и Кем Редиш со 22 поени и 7 скока. Кај Шарлот, Тери Розиер постигна 40 поени.

Денвер нагетс успеа да го совлада преполовениот од повреди Милвоки бакс со 109:95. Милвоки на оваа средба настапи без Адетокумпо, Лопез, Мидлтон и Бледсо и не можеше да се надева на триумф против Денвер кој бараше излез од мини кризата. Џамал Мареј со 21 постигнат поен и Пол Милсап со 20 поени и 10 скокови беа предводници во победата на Денвер, додека кај Милвоки се истакна Кајл Корвер со 23 поени.


Шампионот Торонто без никакви проблеми успеа да ја совлада Јута џез со 101:92 во натпевар во кој одлична партија прикажаа Паскал Сиакам и Серж Ибака. И двајцата кошаркари на Торонто постигнаа по 27 поени.


Резултати НБА:
Атланта – Шарлот 143:138 (прод.)
Денвер – Милвоки 109:95
Јута – Торонто 92-101

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот