Атина го блокираше одбранбениот договор ЕУ-Тирана

атина Фото МИА

Поради случајот со притворениот градоначалник на албанскиот град Химара Фреди Белерис, Грција блокирала одбранбен договор меѓу Албанија и Европската Унија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, ЕУ е во фаза на забрзување на процесите на потпишување договори со трети земји со цел подобра одбранбена соработка, а пред неколку дена во Брисел се одржал состанок за склучување низа договори за одбрана и безбедност со Канада, Јапонија, Гана, Молдавија, Норвешка и Јужна Кореја.

Од грчка страна имало приговори за Албанија, порачувајќи дека мора да се усогласи со европското законодавство, кое како клучен елемент го вклучува почитувањето на владеењето на правото.

„Во овој контекст грчката страна доставила свој предлог според кој најсоодветна земја за склучување договор за одбрана и безбедност со ЕУ е Северна Македонија, која покажа подобри достигнувања во владеењето на правото, додека стандардизацијата на вооружените сили според западните стандарди (преку членството во НАТО) напредуваше со исклучително брзо темпо“, пишува весникот.

Конкретниот предлог не бил прифатен, а договорот со Албанија не бил потпишан и покрај многу силната поддршка од Италија.

Случајот со Белерис создаде проблеми во грчко-албанските односи, а Атина ја остави отворена можноста да ја блокира европската интеграција на Тирана.

Градоначалникот на Химара е во притвор и во тек е судењето, а Грција бара да му биде дозволено да положи свечена заклетва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот