Астон Вила е победник во најскапиот фудбалски натпревар

Екипата на Астон Вила е победникот на најскапиот фудбалски напревар, баражот за пласман во Премиер лигата откако со 2:1 го совлада Дерби Каунти.

Тимот од Бирмингем по пауза од три години, повторно ќе биде дел од Премиер лигата, а иако нема ниту еден настап во елитното англиско натпреварување, веќе стана „побогат“ за 200 милиони евра кои треба да ги добие за ТВ правата за наредната сезона.

Астон Вила на „Вембли“ стадионот го направи тоа што и избега минатата година, а триумфот го најави Ел Гази во финишот од првото полувреме. Голот на Ел Гази претставуваше круна за големата теренска иницијатива и напаѓачка игра на Астон Вила.

Во второто полувреме, Мекгин ја искористи грешката на голманот Русо и зголеми на 2:0. Надеж на Дерби Каунти му даде Мариоти на девет минути до крајот на натпреварот. Сепак, тоа беше се што успеаја фудбалерите на Дерби да направат до крајот.

Сезоната 2019/20 ќе биде вкупно 106 сезона за Астон Вила во најсилната фудбалска лига, а единствен тим кој има повеќе сезони е само Евертон (117 сезони) како прволигаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот