Арсовска повторно не дојде на седница за советнички прашања, се појави откако советниците реагираа

данела арсовска град скопје (4)
Данела Арсовска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Советниците во Советот на Град Скопје од СДСМ на денешната седница наменета за советнички прашања реагираа затоа што вторпат по ред на ваква седница не присуствува градоначалничката Данела Арсовска.

Советничката Љубица Јанчева побара одговор зошто Арсовска не е на седницата, а претседателот на Советот Трајко Славевски не можеше да одговори затоа што таква информација немаше.

 Должност на секој градоначалник во минатото, за жал не и во овој мандат, секој втор месец кога со Деловникот е предвидено посебна седница за советнички прашања, градоначалникот да биде овде. Да, знам дека ќе ми одговорите дека има претставник на градоначалникот, дека се тука раководителите на секторите, меѓутоа советниците ако бараат да му постават прашање на градоначалникот тогаш треба да им одговори градоначалникот. Овие прашања се од граѓаните кои ни ја дале довербата и ние имаме обврска да им одговориме. Затоа ние ќе ја напуштиме седницата – рече Јанчева.

Трајковски  даде кратка пауза за да се утврди каде е Арсовска и дали таа ќе дојде на седницата на Советот или не, за да одговара на прашањата упатени кон неа. Градоначалничката се појави по завршувањето на паузата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот