Армиите на Австралија и на Нов Зеланд ја зајакнуваат соработката

Австралија и Нов Зеланд / Фото МИА

Војската на Нов Зеланд денеска објави нов план за кој вели дека ќе ги зајакне нејзините односи со Австралија.

Началникот на армијата на Нов Зеланд, генерал-мајор Џон Босвел, го нарече планот – „значаен чекор напред во партнерството со нашите пријатели“.

Денеска најавената воена соработка доаѓа откако Нов Зеланд побара помош од својот поголем сосед за да ја реорганизира својата армија со недоволно персонал.

Планот, наречен ANZAC според заедничките сили од времето на Првата светска војна, има за цел да ја подобри интероперабилноста на армиите на двете земји преку поблиска соработка во обуката, способностите, борбената готовност и персоналот. Една од областите на соработка ќе биде обуката на специјалните сили.

Планот, исто така, ќе го поддржи учеството во заедничката програма на американските, британските, канадските, австралиските и новозеландските војски, како и договорот за воена стандардизација меѓу нив, заедно со веќе постојниот сојуз меѓу петте земји.

„Како блиски соседи и сојузници, споделуваме заедничка посветеност да ја поддржуваме меѓусебната безбедност… и да ја одржуваме заедничката посветеност на безбедноста и стабилноста на нашиот регион“, рече началникот на Генералштабот на армијата на Нов Зеланд, генерал-мајор Џон Босвел.

Објавувањето на иницијативата доаѓа во време на зголемена геополитичка тензија во Тихиот Океан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот