Апсолутен рекордер: Има 44 години и потпиша за 30 клуб во кариерата!

Фото: EPA/Ivan Franco

Легендарниот уругвајски напаѓач Себастијан Абреу и натаму нема намера да ја заврши кариерата како професионален фудбалер, иако веќе има 44 години.

Кон крајот на минатата година остана без клуб кога го напушти Бостон Ривер, но повторно успеа да пронајде нов ангажман.

Тој е апсолутен рекордер во светот, потпиша за 30 клуб во својата кареира која трае уште од 1995 година кога дебитираше во дресот на Дефенсор. Овојпат ќе игра во Бразил каде ќе ги брани боите на Атлетик Клуб кој се натпреварува во шампионатот Минеиро.

Покрај Дефенсор, овој 44-годишен напаѓач претходно играше уште за Сан Лоренцо, Депортиво Ла Коруња, Гремио, Текос, Насионал, Круз Азул, Америка, Синалоу, Монтереј, Сан Луис, Тигрес, Ривер Плејт, Беитар Ерусалим, Реал Сосиедад, Арис, Ботафого, Фигуеиренсе, Розарио Централ, Аукас, Сол де Америка, Санта Текла, Бангу, Централ Еспањол, Пуерто Монт, Аудакас Италиано, Магаланес, Рио Бранко и Бостон Ривер.

На репрезентативно ниво на СП 2010 беше херој кога го постигна клучниот пенал против Гана и така го испрати Уругвај во полуфиналето, прво во 40 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот