Апсење на граничниот премин „Табановце“

Од полицијата велат дека по извршена контрола утврдено е дека еден од уапсените сакал да ја преминат границата со лажни документи, а другиот бил на „Стоп“ листата.

Двајца патници се уапсени вчера на граничниот премин „Табановце“. Од полицијата велат дека по извршена контрола утврдено е дека еден од уапсените сакал да ја преминат границата со лажни документи, а другиот бил на „Стоп“ листата.

Во 13.45 часот на преминот за излез од Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ е уапсен O.Д. (21) од Турција кој патувал со белгиска патна исправа. При извршена дополнителна контрола била пронајдена и белгиска возачка дозвола со исти податоци од патната исправа. Од извршените проверки било констатирано дека тој во земјава влегол пред неколку дена со турска патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Неколку часа подоцна, во 16.50 часот за излез од Македонија, по извршена контрола е уапсен Ц.Б. (36) од Србија, кој бил на полициската „Стоп“ листа, односно бил баран од канцеларијата на Интерпол од Унгарија. и тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот