Спасовски: Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Министерот Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил наведе дека Министерството за внатрешни работи добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа Тик Ток во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица и упати алеп за внимателно користење на социјалните мрежи.

– Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток” во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи, потенцираше Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додава дека, спорeд досегашните сознанија, такви повици нема од профили на наша територија, ниту од околните држави, но, како што посочи, апелира на будност и надзор со цел да се избегнат какви било несакани случувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот