Антиваксерот Ирвинг ќе може да игра и на домашни натпревари

Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин нетс/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг ќе може да настапува за својот тим и на домашните натпревари откако градските власти на Њујорк го променија законот за вакцинација против коронавирусот.

Градските власти донесоа одлука да ја укинат мерката со која не им се дозволуваше на невакцинираните лица кои извршуваат јавна функција влез во затворени простории.

Ирвинг пропушти поголем  дел од сезоната поради неговиот став да не се вакцинира против коронавирусот. Подцна му беше дозволени да ги следи натпреварите на својот тим на домашен терен, а наскоро ќе може да игра во Њујорк без никакви ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот