Антикорупциска бара да се изземат деветмината судии кои ќе одлучуваат за себеси

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) по сознанија дека во Врховниот суд се поднесени иницијативи за носење на начелен став по кој ќе се решава за разрешувањето на судии, побара засегнатите девет судии да се изземат од постапката.

Како што образложуваат од ДКСК, според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, судиите сами треба да внимаваат да не се најдат во конфликт на интереси, да се спречат самите да влијаат и доколку се сомневаат во судир на интереси, да се консултираат со ДКСК.

„Од 18 врховни судии, колку што има во моментов, против деветмина од нив се отворени постапки во Судскиот совет за разрешување од функциите. Еден од нив е и самиот претседател на Врховниот суд  Јово Вангеловски, за пуштањето од притвор на избеганиот бизнисмен Сеад Кочан во мај 2017. Тој, според законите, не ни смее да ја води седницата со ваква точка на дневен ред, каде што е тој лично засегнат.

За случајот Кочан, постапки за разрешување се водат за Вангеловски и за уште двајца врховни судии, кои биле дел од петчлениот кривичен совет и кои иако немале правна основа и начелен став од Врховниот суд, сепак гласале за укинување на мерката притвор за Кочан.

Во другата група се уште петмина врховни судии, предложени за разрешување за бегството на обвинетите во „Тврдина – Таргет“ Горан Грујевски и Никола Бошкоски, се вели во нивното соопштение за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот