Антиќ и Гечевски во работна посета на турската кошаркарска федерација

фото: kfsm.mk

На разговорите во Истанбул беа поставени некои нови насоки во реализација на нови проекти во оној репрезентативен младински сегмент.

Претседателот на Кошаркарската федерација на С. Македонија, Перо Антиќ, заедно со спортскиот директор на сениорските национални тимови, Тодор Гечевски, денеска беа во официјална и работна посета на Турската кошаркарска Федерација.

На средбата на седиштето на турскиот национален сојуз во Истанбул со генералниот координатор на Турската кошаркарска Федерација, Омер Онан, претседателот Антиќ и спортскиот директор Гечевски остварија конструктивен дијалог во насока за унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете федерации.

Освен тоа, тема на разговор исто така беа и предложени нови идеи за креирање на нови проекти во оној репрезентативен сегмент, особено поврзани со едуцирањето и развојот на младинските национални селекции.

Ова е само продолжение на соработката која ја имаме со турската федерација поставена на највисоко ниво. Разговаравме за унапредување на веќе постоечките заеднички проекти кои ги имаме со нашите пријатели од Турција, како и реализација на некои нови идеи поврзани за уште поголема зближеност помеѓу двете федерации – потенцираше претседателот Антиќ по посетата на турската „Куќа на кошарката“ во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот