Анри со тешко прашање: Барса или Арсенал?

twitter.com/mashable

Анри започна во Монако од кој во почетокот од 1999. година се пресели во Јувентус, но во Италија се задржа само шест месеци.

Потоа, направи трансфер во Арсенал што беше негов најдобар можен потег. Беше дел од легендарната генерација која во сезоната 2003/04 не доживеа ниту еден пораз во Премиерлигата.

После осум години во дресот на Арсенал одлучи да ги пакува куферите за Барселона, во нејзиниот дрес играше три години и успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Не му беше лесно да одговори на прашањето кој клуб му беше поомилен:

– Зошто ја одбрав Барселона? Многу ми се допаѓаше Арсенал и денес го сакам како клуб, но секој играч сака да освои трофеи и награди, а тоа е причината поради која се преселив во Барселона. Во кој клуб ги поминав најдобрите моменти во кариерата? Најдобрите моменти во мојата кариера беа во Арсенал, но Барса ми е поблиску до срцето. Со Барселона ги достигнав сите постигнувања, беше тоа едно многу убаво искуство и што е најважно, ги задоволив амбициите на навивачите – рече Анри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот