АНКЕТА: Со влезот во НАТО, Македонија ќе биде побезбедна и постабилна

Мнозинството граѓани кои денеска ги анкетираше „Слободен печат“, сметаат дека влезот на земјата во НАТО е од голем интерес за државата.

Според анкетираните, се очекува земјата да има бенефит од ова членство, како што е зголемувањето на безбедноста, сигурноста на странските инвеститори да дојдат во државата и сo тоа да се отвори патот кон ЕУ.

– За безбедноста не е многу страшно, но ќе бидеме посигурни. Би требало да има државата бенифиции од тоа, но и друго е кога си во заедница, а друго е кога си сам, вели еден од анкетираните.

– Јас сум за влез и го чекам тој ден, но криво ми е што народот не ја разбира поентата, затоа што се знае кои се големите сили, затоа што тие го диктираат правецот на животот на секоја држава, ни изјави наша сограѓанка.

Сепак имаше и такви кои сметаат дека не е добро некој друг да ни ја крои иднината на земјата и дека не одат така овие работи.

– Утопија! Ова е само за тие на кои им е во интерес, без разлика од која партија доаѓаат, но прочитани се од народот и од тие од надвор кои координирааt за промени на Уставот и некои закони, затоа што тие треба народот да ги носи, вели изјави нашиот соговорник.

Во продолжение поголеднете ја целата анкета која ја направи „Слободен печат“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот