Англичаните не калкулираат, ако треба и низ „пекол“ до трофејот!

фото: EPA-EFE/Neil Hall

Фудбалерите на Англија ја совладаа Чешка со 1:0 во Лондон и завршија на првото место во групата „Д“ на Европското првенство.

Голот вреден за триумф на култниот стадион „Вембли“ го постигна Рахим Стерлинг во 12 минута од средбата. Англија за првпат ја помина групната фаза без примен гол.

Играчите предводени од селекторот Саутгејт не сакаат да калкулираат, иако се свесни дека го избраа потешкиот пат во осминафиналето.

Односно ќе ги одмери силите со второпласираната од „групата на смртта“ во која се наоѓаат актуелниот светски шампион Франција, Германија и актуелниот европски првак Португалија, а секако нема да ги исклучиме и Унгарците.

Моментно во групата „Ф“ води Франција со четири бодови, пред Германија и Португалија по три, а последна е Унгарија со еден. В среда од 21.00 часот во Будимпешта Португалија игра со Франција, а во истиот термин во Минхен Германија игра со Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот