ВИДЕО: Хрватите го освоија Глазгов за осминафинале на Европското првенство!
Вечерва завршија натпреварите од третото коло и во групата „Д“, Англија го освои првото место со два гола од три одиграни меча.
На „Вембли“ стадионот во Лондон Англичаните со 1:0 триумфираа над Чешка, единствениот погодок беше дело на Стерлинг.
Чесите и покрај поразот како третопласирани се сигурни учесници во нокаут-фазата. Во вториот меч одигран во Глазгов Хрватска славеше со 3:1 над Шкотска.
„Коцкестите“ поведоа во 17 минута со голот на Влашиќ, а непосредно пред паузата Шкотите израмнија преку МекГрегор. Победата на Хрватска ја обезбедија Модриќ и Перишиќ.
Евро 2020
Група „Д“
3. коло, резултати –
Хрватска – Шкотска 3:1
Чешка – Англија 0:1
Конечна табела:
1.Англија 2:0 7 бодови
2.Хрватска 4:3 4
3.Чешка 3:2 4
4.Шкотска 1:5 1