Англичаните го „откриваат“ новиот менаџер на Ливерпул! (ФОТО)

EPA-EFE/PETER

Германскиот стратег Клоп, кој беше прогласен за најдобар тренер во изборот на ФИФА, за „Four Four Two“ оваа недела рече дека Стивен Џерард е човекот кој што би требало да биде наредниот менаџер на Ливерпул.

Исто така поранешен фудбалер на Ливерпул, Гери МекАлистер, кој моментно му е помошник на Џерард во екипата на Глазгов Ренџерс, вели дека таквата изјава од страна на Клоп е големо признание.

– Делува изненадувачки, но кога ќе погледнете на поинаков начин, веројатно има смисла. Но, тоа кога би се случило, не знам. Мислам дека е огромен комплимент, но сега можам само да ве уверам дека Стивен е апсолутно целосно фокусиран на обврските во Глазгов Ренџерс со кој се обидува да освои трофеи – се зборовите на МекАлистер.

Џерард во својата кариера како фудбалер со Ливерпул, покрај големиот број на индивидуални признанија, со „црвените“ имa три трофеи во Лига купот, два во ФА купот, по една во ФА Комјунити шилд, УЕФА Куп (сега Лига Европа), Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.

Клоп со Ливерпул како менаџер минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, како и УЕФА Суперкупот. Беше финалист во ЛШ во сезоната 2017/18, како и во Лига Европа и Лига купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот