Тинејџер со спектакуларните „ножички“ до наградата „Пушкаш“! (ВИДЕО)

twitter.com/jatirado_oc

Неговите спектакуларни „ножички“ беа реализирани во 93 минута на дуелот од унгарскиот фудбалски шампионат помеѓу својот Дебрецен против Ференцварош.

Овој меч се одигра годинава во февруари во текот на минатата сезона, Шори (18) го имаше своето лигашко деби во Унгарија.

Тој погодок беше и победнички на средбата (2:1), а летово направи трансфер во редовите на МОЛ Фехервар каде што настапуваат двајцата македонски репрезентативци Висар Муслиу и Бобан Николов.

Во конкуренција за наградата „Пушкаш“ која ја доделува ФИФА беа уште Лионел Меси кој за Барселона имаше прекрасен лоб против Бетис, и Колумбиецот Кинтеро од Ривер кој имаше еден фантастичен погодок од слободен удар.

Да додадеме уште дека Јирген Клоп беше прогласен за најдобар тренер на годината. Стручњакот кој на Ливерпул му донесе европска титула, и за малку не ја освои титулата во Премиерлигата, очекувано доби најмногу гласови, и ја доби наградата на гала-церемонијата во миланската Скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот