Ангеловски за талентот на Наполи: Елмас има една тајна!

twitter.com/kederlicapito

Македонската фудбалска А репрезентација забележа важен триумф во квалификациите за ЕП 0:2, а свој клучен придонес во освојувањето на трите бода имаше еден од најголемите наши фудбалски таленти, Елиф Елмас.

И со своите 19 години се истакнува како еден од главните носители во играта, а штом добивате и минутажа кај еден од славните тренери Карло Анчелоти во Наполи, станува збор за голема европска и светска фудбалска перспектива.

Нашите најдобри фудбалери со победата во Рига ги враќаат надежите за ЕУРО, а македонскиот селектор имаше едно негово интервју за „Радио Марте“:

– Мило ми е што Елмас е фудбалер на Наполи, не само поради тоа што е дел од италијанскиот вицешампион, туку и поради тоа фактот што соработува со Анчелоти, еден од најдобрите светски тренери. Веќе еден месец тренира со него, Елмас станува уште подобар. Ми кажа дека многу добро работи во Наполи, но убеден сум дека ќе биде уште подобар. Има само 19 години, но веќе покажува голем карактер. Елмас има една тајна, а тоа е фактот што верува многу во себе. Сака да докаже дека може најдобро да се снајде во секоја ситуација. Наполи има огромен квалитет, но Елмас припаѓа таму – се зборовите на Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот