Ангеловски: Разочаран сум, мораше да победиме

Игор Ангеловски, поранешниот македонски селектор/фото: ФФМ

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на прес конференцијата по натпреварот со Естонија изјави дека е разочаран од ремито и смета дека неговите избраници мораше да победат.

Разочаран сум зашто со нашиот квалитет мораше да победиме тука. Успеавме да се вратиме од негатива од 1:3, имавме шанса и за победа, но тоа се случи на самиот крај на мечот. Идејата денеска беше да им дадам шанса на другите, да ги одморам тие кои играа против Косово бидјеќи тој натпревар беше многу важен за нас. Мое е да им дадам шанса да играат, а кој ја искористи–ја искористи, кој не–ќе чека друга шанса. Задоволен сум како одигравме во последните 30 минути, успеавме да избегнеме пораз, но не сум задоволен. Ќе дадеме сè за да го обезбедиме тоа прво место на крајот – изјави Ангеловски на прес конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот