Ангеловски: Испаѓањето на Вардар е голема штета за фудбалот во Македонија!

Како што е веќе познато најдобрата македонска репрезентација оваа недела ќе ги стартува подготовките за учеството на Европското првенство.

Игор Ангеловски вели дека треба да се направат уште неколку тактички замисли и се воведе нешто ново, без оглед на тоа што овој состав е заедно долг период.

Во интервјуто за „Данас“ изјави дека поради повреда на коленото во тимот за ЕП нема да биде Илија Несторовски, повикани се Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

– Засега немаме нови проблеми и ќе се трудиме така да остане до патот за Букурешт. Сите останати се подготвени да го потврдат нашиот историски успех, првиот пласман на ЕП. Освен доколку не бидам принуден, нема додатно да повикувам фудбалери – рече Ангеловски.

Воедно го сподели и ставот дека легендарниот Вардар оваа сезона испадна од Првата лига.

– Тоа е голема трагедија за фудбалот во Македонија. Вардар е фудбалски бренд на нашата држава, најдобар и најпознат клуб. Испаѓањето на овој клуб, на кој ни навивачите не можеа да помогнат, претставува голема штета за севкупниот фудбалски спорт во нашата земја – додава Ангеловски.

ЕВРО 2020, Ќумбев: Срце на терен и борба до последна секунда за боите на Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот