Андрески од „ФероИнвест“: Вложувањето во обновливите извори на енергија е и за инвеститорот поволно, но многу поповолно е за државата

Филип Андрески раководител на одделение на групацијата ,,ФероИнвест"
Филип Андрески раководител на одделение на групацијата ,,ФероИнвест" / Утрински брифинг

-За жал не е доволно искористен потенцијалот што државата го има во ветрот, во сонцето. Тој потенција во државата е многу малку искористен , но во последно време се зголемува интересот за вложување во капацитетите за искористување на тие извори на енергија, но сепак за жал сме се уште многу назад и потребно е се повеќе и повеќе да се вложува во тие технологии на прозводство на електрична енергија, односно обновливи извори на енергија , изјави за Утрински брифинг Филип Андрески раководител на одделение на групацијата ,,ФероИнвест” и познавач на состојбите во областа обновливи извори на енергија„ФероИнвест“.

-Можам да кажам за нашата компанија „ФероИнвест“ , а тое е дека ние сме компанија која што интензивно вложува во ваквите објекти, односно во изградба на објекти за производство на електрична енергија, вели Андрески.

Тој додава дека во моментов „ФероИнвест“ има 25 мали хидроелектрани, со инсталирана моќност од околу 23 мегавати и во моментов се вложува во изградба на фотоволтаична електрана со инсталирана моќност од околу 8 мегавати и биогасна електрана со инсталитана моќност од околу 2 мегавати.

-Ние како држава сме увозно ориентирани, значи зависни сме од увоз на електрична енергија, нашето производство е мало. 50% од производството на електрична енергија доаѓа од термо електраните, односно сега смо од РЕК Битола. РЕК Осломеј за жел е веќе споменик, не работи, нема јаглен и ТЕЦ Неготино работи на мазут. Значи тие капацитети произведуваат околу 30% од вкупното домашно производство, останатото производство е 25% од големите и малите хидроелектрани, отприлика 20% добиваме од ТЕ ТО, односно од гас и останите пет проценти се од фотоволтаици, биогасни електрани, ветерни електрани итн., вели Андрески

-До сега не се вложувало во тие обновливи извори на енергија, затоа што свеста на компаниите не била развиена. Едноставно сме плаќале евтина струја. И сега кога настануваат овие кризи, сега стануваме свесни за таа електрична енергија од обновливите извори, па сега тоа е се повеќе популарно. Вложувањето во обновивите извори на енергија е и за инвеститорот поволно, но многу поповолно е за државата. Во овој момент да имавме многу поголема искористеност на овие обновливи извори на енергија немаше ценат ана струјата да биде таа што сега ја плаќаме. Стопанството плаќа 40-50% повисока сметка на струја. Кога би имале ние наше сопствено производство немаше да биде зависни од увозот на електрична енергија во државата, и тоа во голема мера ќе помогнеше на стопанството во оваа криза, вели Андрески раководител на одделение на групацијата ,,ФероИнвест”.

-На сите ни е јасно дека кризата е поради цената на гасот во Европа, односно цената на гасот што доаѓа од Русија, додава Андрески.

-Инвестирањето во изградба на капацитети за обнивливи извори на енергија е голема инвестиција и е инвестиција која што не треба така едноставно да се гледа, како што во јавност има мислење дека еднократно вложуваш, па потоа многу добиваш. На таа инвестиција влијаат многу фактори. Покрај тоа што треба да се изгради тој капацитет, тој објект, потребно е и негово оддржување, што знае да биде многу голема ставка, дури во некој случај многу поголема и од самата инвестиција, така што сакам да кажа дека профитот не е толку голем. Едноставно профитот е – првите 15 години враќаш кредити, не заработуваш ништо и веројатно тоа алку ги плаши потенцијалните инвеститори, а исто така имаме негативна кампања против малите хидроелектрани, па луѓето добиваат погрешен впечаток, вели Андрески.

-Што и да градите влијаете на животна средина. Секоја наша активност влијае на животна средина. Во моментов немаме друг избор освен да градиме мали хидроелектрани, фотоволтаични електрани, ветерни електрани, електрани на биогас. Тоа се тие обновливи извори на енергија во светски рамки кои што постојат и од кои што можеме да произведеме ние енергија, а тој ресурс го имаме. Македонија има отприлика 280 сончеви денови во годината, имаме многу реки, потребно е да ги искористиме тие ресурси. Кога би ги имале сите тие инвестиции во обновливите извори на енергија немаше да ја плаќаме оваа струја толку скапо, вели Филип Андрески раководител на одделение на групацијата ,,ФероИнвест”.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот