Андоновиќ: Хрватската опозиција најголем губитник на изборите (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Најголемиот губитник на парламентарните избори во Хрватска е опозиционата Социјалдемократска партија која во широката коалиција која ја преводеше на изборите успеа да освои 41 мандат во Хрватскиот сабор. Овој резултат беше далеку под очекувањата и предвидувањето. Анкетите во пресрет на изборите укажуваа на благо водство на СДП наспроти владеачката ХДЗ. Се предвидуваше и дека СДП ќе победи на изборите со благо водство, но дека ХДЗ би можело да ја формира новата влада поради својот посилен коалиционен потенцијал. Во секој случај сите анкети најавуваа дека новата хрватска влада ќе биде слаба и на климави нозе.

Но, убедливата победа на ХДЗ и актуелниот премиер Пленковиќ ги демантираше сите овие анкети, предвидувања и очекувања. Со бројката од 68 освоени мандати, ХДЗ не само дека ќе формира силна влада, туку доколку влезе во коалиција со својот десничарски опонент, Татковинската партијата на Мирослав Шкоро, која освои 16 мандати, ќе формира стабилна влада за наредниот четиригодишен мандат.

Очекувањата и анализите се базираа врз резултатите од претседателските избори кои во Хрватска се одржаа во јануари годинава. Тогаш, победник на изборите беше кандидатот и лидер на СДП Зоран Милановиќ кој ја победи дотогашната престедателка на Хрватска и кандидат на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ. Изборниот пораз, како и малата предност од неколку проценти во однос на новата и трето пласирана татковинска партија на Шкоро, предвидуваше дека ХДЗ е пред целосен пораз и како опција и партија на овие парламентарни избори ќе се пресели во опозиција. Очекувањата во оваа партија одеа до таму, да веќе наголемо се разгледуваа опциите за промени во раководството и лидерската позиција, како и можниот наследник на, како што го нарекуваа, потрошениот Пленковиќ.

Но овие избори покажаа сосема поинаква слика. Сега СДП на сега веќе поранешниот лидер и актуелен претседател Зоран Милановиќ, останува во опозиција, а партијата мора да се соочи со сериозни реформи. Наследникот на партиската лидерска позиција, и политички анонимус Давор Бернардиќ, по завчерашниот изборен пораз најави оставка. Забелешките на негова адреса се однесуваат пред се на големиот број грешки кои тој ги направи за време на изборната кампања. Особено што како релативно непознат и неискусен политичар се покажа дека не е дораснат да се натпреварува со искусните политичари од ХДЗ и лидерот Пленковиќ. Ако во јануари годинава на претседателските избори победи искуството и харизмата на Милановиќ, сега се покажа дека Хрватите не гласале против ХДЗ туку против нејзиниот тогашен кандидат Колинда Грабар Китаровиќ.

Во наредниот период, новата влада предводена од ХДЗ и Пленковиќ ја очекуваат големи предизвици, но и искушенија. Пред се во односите со соседните Србија и Словенија но и со денсичарските владечаки партии од ЕПП на Австрија и Германија. Сето тоа проследено со справувањето на пандемијата на коронавирусот која предизвика големи економски псоледици на државата чија туристичка сезона не успеа да профукционира.

Што се однесува до Социјалдемократите, доколку не дојде до Рестарт, како што и беше името на оваа коалиција предводена од СДП, на партијата и се заканува се позизвесен Shutdown, или згаснување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот