Андоновиќ: Дали може еден вирус да ја предизвика најголемата криза во светот по Втората светска војна?

Дека корнавирусот е најголем предизвик од Втората светска војна потврди и германската канцаларка Ангела Меркел, која во телевизиското обраќање, прво во изминативе 14 години, посочи дека Германија ги живее најтешките периоди по Втората светска војна. Таа ги повика властите на солидарност и им порача на сите луѓе во Германија да ги заштитат оние кои се најранливи.

Меркел додаде дека научниците работат напорно за да пронајдат вакцина за коронавирусот, но до тогаш земјата треба да работи на забавување на ширењето на вирусот.

Но, она што можеби беше и најпредупредувачки во говорот на Меркел е секако дека иако Германија има веројатно најдобар здравствен систем во светот, сепак доколку болниците бидат пренатрупани од голем број пациенти за кратко време, може дојде до целосен колапс на системот.

Што се однесува до останатите држави, сите повеќе или помалку, во склад со вонредните мерки, ја спроведуваат превентивата за запирање од ширењето на коронавирусот. Сепак, голем дел од државите веќе алармираат за економските последици на вонредните мерки, но и на незивесноста колку кризата со вирусот ќе трае.

САД најавуваат рецесија, а Американското здружение на ресторани побара од Белата куќа и Конгресот пакет помош во висина од 455 милијарди долари, бидејќи секторот може да ги загуби речиси половина од вработените и најмалку една четвртина од годишниот промет поради пандемијата со новиот коронавирус. Американското здружение на ресторани бара и основање на фонд за заздравување на рестораните и прехрамбената индустрија во висина од 145 милијарди долари со цел да ја подобри ликвидноста на секторот, 100 милијарди долари осигурање од прекин на работата и 135 милијарди долари помош во случај на катастрофа.

И додека светот ги брои жртвите, заразените и последиците од коронвирусот, на Косово му се заканува политичка криза. Владата на Албин Курти би можела да падне откако вториот коалиционен партнер Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, се закани дека ќе се повлече од коалицијата. Причина за ова е одлуката на Курти да го разреши министерот за внатрешни работи на Косово кој е од редовите на Демокрактиот сојуз. Премиерот Курти, кој нема да има мнозинство за да остане владата, го разреши минизтерот за внатрешни работи бидејки тој сакал да ги укине таксите кон Србија, наспроти политиката на Курти кој тоа го одбива.

За да се надмине политчката криза, Курти најави дека очекува од Демократскиот сојуз да именува нов министер за внатрешни. И сето ова во време кога светот е во исклучитечно опасна ситуација, а Косово е пред воведување на вонреда состојба, заклучува новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот