Анчелоти против Манчестер Сити испиша историја во Лигата на шампионите

Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Реал Мадрид и Манчестер Сити вчера во спектакуларен натпревар ремизираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите одигрувајќи 3:3, а во овој натпревар тренерот Карло Анчелоти прослави голем јубилеј.

За италијанскиот стратег вчерашниот натпревар беше 200. во најелитното европско натпреварување, ниту еден друг тренер пред него не стигнал до оваа бројка.

Зад Анчелоти е Сер Алекс Фергусон кој водејќи го Манчестер Јунајтед застана на 190, а на третото место екс-тренерот на Арсенал, Арсен Венгер со 178 натпревари. На листата зад нив следуваат Пеп Гвардиола (168) и Жозе Мурињо (145).

Анчелоти во својата кариера има и четири трофеи во ЛШ и два од нив ги освои како тренер на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот