ВИДЕО: Спектакл и шест гола на „Бернабеу“, Арсенал ремизираше против Баерн

фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Се одиграа првите натпревари од две четвртфинални пресметки во фудбалската Лига на шампионите, вечерва на стадионот „Емирати“ во Лондон екипата на Арсенал ремизираше 2:2 против Баерн Минхен, а немаше победник ни на мечот на „Сантјаго Бернабеу“ каде Реал Мадрид одигра нерешено 3:3 против Манчестер сити.

Арсенал водеше од 12 минута со голот на Сака, израмнувањето се случи само шест минути подоцна преку Гнабри, а баварскиот гигант дојде до позитива со погодокот на Кејн од пенал во 32 минута.

Англискиот претставник успеа да го избегне поразот во 76 минута благодарение на Тросар по асистенцијата на Габриел Жезус.

На вториот дуел по само 120 секунди игра Сити дојде во водство кое го донесе Силва, но само две минути „кралевите“ постигнаа два гола. Најпрвин сопствената мрежа ја погоди Дијас (12`), а Родриго (14`) се погрижи за радост на Шпанците.

Возвратија „граѓаните“ со пресврт и два гола кои ги реализираа Фоден (66`) и Гвардиол (71`), а во 79 минута конечниот епилог го постави Валверде по асистенцијата на Винисиус Жуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот